Роберт Левандовски нема намера да биде играч на Баерн наредната сезона. Полјакот на крајот на сезоната се прости од соиграчите во клубот од Минхен и им порача да го напуштат клубот бидејќи сака нов предизвик во кариерата. Од друга страна, клупските челници цврсто стојат на ставот дека Левандовски ќе мора да ја одработи и последната година од договорот што го има.
Полскиот напаѓач вчера беше во Монте Карло каде ја следеше трката во Формула 1, а новинарите ја искористија приликата да му постават неколку прашања за неговата иднина.
„Шпанија е многу „кул“ место. Имаме куќа таму. Барселона? Тоа ќе зависи од многу фактори. Сепак, мојата ситуација е сосема јасна и мислам дека нема потреба да бидам емотивен поради тоа или да трошам повеќе зборови на оваа тема. Практично е невозможно да се тврди дека следната сезона ќе бидам фудбалер на Баерн“, кажа Левандовски.