Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, сака да ја освежи дефанзивната линија на тимот со двајца играчи кои одлично ги запозна. Има намера да ги донесе на „Олд Трафорд“, сонародниците од Ајакс, односно Феенорд, Јуриен Томбер и Тајрел Маласија.
Холандските медиуми „Voetbal International“ и „Telegraaf“, пренесуваат дека овие двајца ќе бидат приоритет за Тен Хаг. Сега 20-годишниот фудбалер веќе има шест настапи за националниот тим.
Тој првенствено игра како централен дефанзивец, но може да се снајде и на десното крило во одбраната. Тен Хаг е свесен дека двете позиции треба да се освежат во Јунајтед, па со ангажирање на Тимбер би можел да „убие две муви со еден удар“.
Тен Хаг, не бил задоволен од Лук Шо и Алекс Телес, играчи кои ја покриваат левата страна во одбраната. Затоа тој го сака во својот тим Маласија.
Маласија е продукт на фудбалската академија на Феенорд, ги има поминато сите младински селекции на Холандија. Стигна и до сениорот за кој забележа три настапи. Тој воодушеви од игрите во дресот на Ротердамови и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Според холандските медиуми, Феенорд може да заработи над 20.000.000 евра од продажбата на Масија. Клупски рекорд е трансферот на Дирк Кајт во Ливерпул за 18.000.000 евра.