На 81-годишна возраст, денеска во Скопје, почина еден од основоположниците на модерниот ракомет во Маедонија, тренер и селектор, Лефтер Бошковски.
Бошковски е една од најголемите личности во историјата на македонскиот ракомет, професор и поранешен селектор на македонската репрезентација. Ракометните чекори и образование го стекна во Романија, за потоа професионално да продолжи во Македонија. Во својата тренерска кариера беше селектор на женскиот сениорски национален тим, тренер на РК Вардар, Работнички и Кометал ЃП.
Низ последните години од професионалната кариера го основаше женскиот ракометен клуб Олимпик, кој беше расадник на млади македонски таленти. Работеше и во младинските академии на Академија Алушовски, КЛ7, Голден Арт.
Во неговата богата тренерска кариера засекогаш ќе остане запаметен и трофејот со Вардар на првото издание на меѓународниот струшки турнир.