Top Sport

Реал Мадрид го договори трансферот на Чуамени

Новиот европски првак Реал Мадрид по големото славје веднаш се фати за работа и успеа да договори ново засилување за следната сезона. Како што информираат француските медиуми, Аурелеин Чуамени, одлилниот играч за врска, постигна договор со „кралевите“, а Монако ја прифати понудата на Реал Мадрид.

„Кралевите“ ќе платат дури 80 милиони евра, но и дополнителни бонуси за успеси ако во тимот биде Чуамени и Монако таквата понуда не можеше да ја одбие.

Чуамени претходно ги одби Ливерпул и ПСЖ, истакнувајќи дека неговиот сон е да игра за Реал Мадрид. Тој треба да дојде како наследник на сегашната генерација одлични играчи за врска во тимот, Модриќ, Крос и Кашемиро, кои освоија по пет трофеи во Лигата на шампионите.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');