Американката Коко Гоф со 7:5/6:2 ја совлада својата американска сонародничка и поранешна гренд слем шампионка Слоун Стивенс за да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, каде што ќе се судри со италијанското изненадување, Марта Тревизан.
28-годишната Тревизан влезе во своето прво гренд слем полуфинале, откако со 6:2/6:7(3)/6:3 ја совлада младата Канаѓанка Лејла Фернандез во прво четврт-финале на две левораки тенисерки о 2014 година. Тревизан пред стартот на Ролан Гарос ја освои својата прва ВТА титула во Рабат, Мароко.
„Бев многу нервозна и си помислив дека полуфиналето е премногу за мене. Но, потоа се смирив и бев инспирирана од поранешните италијански шампионки Франческа Скијавоне и Флавија Пенета, со кои се сретнав вчера и им кажав колку ми значи тоа“, изјави Тревизан.
За место во второто полуфинале утре ќе се борат светската тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек и Американката Џесика Пегјула во првото четврт-финаеле и во руската пресметка Вероника Кудерметова и Дарја Касаткина.