Пари Сен-Жермен не се во трката за потпис со Пол Погба, тврди францускиот „Л’Екип“, оставајќи враќањето во Јувентус како најверојатна опција за францускиот репрезентативец.
Договорот на Погба со Манчестер јунајтед завршува на 30 јуни, и засега нема најави дека „ѓаволите“ ќе сакаат да го заддржат, односно уште еднаш ќе дозволат тој да си замине како слободен играч од „Олд Трафорд“.
Според „Л’Екип“, Рафаела Пимента, адвокатката на поранешниот агент на Погба, Мино Рајола, разговарала со првите луѓе на Јувентус, но и со ПСЖ, кои сега повеќе не се заинтересирани по совет на новиот спортски директор на клубот, Луис Кампос.
29-годишниот Погба произлезе од академијата на Јунајтед, дебитирајќи во 2011, пред во 2012 да замине како слободен играч во Торино. По четири сезони во Торино и четири двојни италијански титули, Јунајтед платија тогаш рекордни 105 милиони евра за неговото враќање.