Top Sport

Конте го доби својот човек – Перишиќ беше презентиран во Тотенхем

Тотенхем го потврдија пристигнувањето на Иван Перишиќ како слободен играч од Интер, откако менаџерот Антонио Конте доби зелено светло да почне со изградбата на тимот.

33-годишниот Перишиќ добива двегодишен договор со лондонскиот клуб, и повторно ќе работи со Конте, со кого имаше бурна, но и успешна соработка во Интер, освојувајќи го скудетото во 2020/21. За Тотенхем, пак, ова е отстапување на претходната тактика на потпишување на договори со млади фудбалери, и знак дека Конте ќе ја добие посакуваната поддршка. Перишиќ покрај скудетото со Интер, има и бундеслигашки титули со Борусија Дортмун и Баерн Минхен.

„По 254 мечеви, 55 гола, 49 асистенции, 3 трофеи и 18.934 минути на теренот со овој славен дрес, мојот пат дојде до крајот. До тимот, соиграчите, сите вработени и секако, навивачите, ќе имате посебно место во моето срце“, им се обрати Перишиќ на навивачите на „нераѕурите“.

Конте прво го избрка Перишиќ од Интер, за сега да му е прва желба во Тотенхем

Scroll to Top