Жорж Жесус е новиот тренер на фудбалерите на Фенербахче. Легендарниот Португалец пристигна во Турција во вторникот вечерта, а утринава и официјално беше унапреден во шеф на стручниот штаб.
Договорот е потпишан на една година и нема дополнителни опции за евентуално продолжување на соработката.
Фенербахче сака да ја прекине долгата осумгодишна серија без титула, а Хесус мисли дека може да одговори на предизвикот.
Португалскиот стручњак последниот ангажман го имаше на клупата на Бенфика, која ја напушти во декември минатата година. Претходно работеше во Спортинг, Ал Хилал и Фламенго, но имаше уште еден мандат во Бенфика.