Top Sport

Аргентинците ја „поништија“ Италија во првата „Финалисима“

Аргентина стигна до 3:0 победа над Италија на „Вембли“ во Лондон во првата „Финалисима“, новото натпреварување помеѓу шампионите на Јужна Америка и Европа, договорено помеѓу УЕФА и ЦОНМЕБОЛ.

Во меч кој беше „збогување“ за Џорџо Кјелини и уште неколку италијански репрезентативци, Аргентина се покажа како посилен противник, посебно во нападот.

Лео Меси имаше прекрасен пробив за да му асистира на Лаутаро Мартинез во 28. минута, пред во финишот на полувремето, самиот Лаутаро да има одлична акција, а Анхел ди Марија да постигне прекрасен гол. Лионел Меси повторно беше главен актер и во 94. минута кога успеа да ја помине одбраната на „аѕурите“, а Пауло Дибала прекрасно да го совлада Џанлуиџи Донарума.

Scroll to Top