Џејмс Милнер, Герет Бејл и Рио Фердинанд го добија Орденот на Британската империја (MBE, OBE за Фердинанд) на јубилејната прослава на кралицата Елизабета, со која се одбележува 70-годишнината од нејзиното крунисување.
Кратенката MBE значи „Член на Британската империја“ и е трет најважен орден што кралицата им го доделува на граѓаните за посебни заслуги.
Кралицата Елизабета го награди Милнер за долгогодишните заслуги во фудбалот, но и за неговата хуманитарна работа, на која и е посветен од 2011 година, од кога има своја хуманитарна фондација.
Со работата на фондацијата собрал повеќе од милион фунти, а парите биле проследени до разни организации.
Милнер во Премиер лигата дебитираше на само 16 години и 309 дена во 2002 година. Тој тогаш беше вториот најмлад играч кој играл во Премиер лигата. Оттогаш има одиграно 588 лигашки натпревари.
Оваа година, кралицата со истиот орден беа наградени Герет Бејл и Рио Фердинанд. Бејл го доби истиот орден како Милнер, додека Фердинанд го доби орденот ОБЕ за хуманитарна работа, кој е втор во рангот на ордените што го доделува кралицата, но ја исклучува титулата витез.