Инциденти го обележаа третиот натпревар од финалната серија, во АБА лигата, помеѓу Партизан и Црвена звезда. На крајот натпреварот го доживеа својот крај, победи Партизан со 70:67 и го намали резултатот на во серијата на 1:2.
Инцидентите во салата „Александар Николиќ“, имаше од самиот почеток на натпреварот, кога на загревањето беше фрлен топовски удар врз играчите на Црвена звезда, кулминираа во последната минута, кога судиите се повлекоа во соблекувалната.
Голем инцидент се случи кога судиите влегоа во тунелот. Навивачите на Партизан преку полицискиот кордон се обидоа да го удрат главниот судија на натпреварот Матеј Болтаузер, кој доби удар. Натпреварот продолжи по пауза од 25 минути.
Четвртиот натпревар е закажан за в петок, од 18 часот и 30 минути. Прашање е во какви услови, веројатно намален капацитет.