САД убедливо го победија Мароко (3:0), во пријателски натпревар одигран во Синсинати.
Американците на полувреме заминаа со предност од два гола. Стрелци беа Аронсон во 26. и Веа во 32. минута, по лошата реакција на голманот Бону. Точка на натпреварот стави Рајт во 64. минута од пенал.
„Не бевме толку лоши како што покажува резултатот. Ова малку ќе не врати во реалноста. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар бидејќи не сме во најдобра форма. Можеби ова ќе не разбуди додека се подготвуваме за Светското првенство. “ изјави по натпреварот селекторот на Мароко, Вахид Халилхоџиќ.
На 23. ноември Мароко ќе биде првиот противник на Хрватска во групата Ф на Светското првенство на крајот на годината Освен со Хрватска, Мароко на Светското првенство ќе игра и против Канада и Белгија.