Top Sport

Бразил ја декласираше Јужна Кореја

Бразил ја продолжи победничката серија откако со 5:1 ги совладаа Јужна Кореја на пријателски меч во Сеул, покажувајќи дека подготовките за Мундијалот на селекцијата на Тите одат според планот.

Ѕвездата на Евертон, Ришарлисон го отвори резултатот во седмата минута, пред домаќините да израмнат преку Хванг Уи-Џо по полвина час игра. Нејмар, со капитенската лента, ја врати предноста од пенал пред крајот на полувремето, за уште еднаш да биде прецизен од пенал во второто полувреме за 3:1. Филипе Кутињо зголеми на 4:1, пред Габриел Жесус да ги постави конечните 5:1 за „Селесао“.

Scroll to Top