Манчестер јунајтед отвориле директни преговори со Барселона за Френки де Јонг и покрај тоа што холандскиот фудбалер од средниот ред неодамна изјави дека Барса му е „клуб од соништата“ и дека не сака трансфер.
Според Фабрицио Романо, цената на трансферот е околу 85 милиони евра, и иако Де Јонг не е сигурен за обединувањето со својот поранешен тренер Ерик Тен Хаг, Барселона мора да ги среди финансиските проблеми. Тен Хаг ќе го убедува де Јонг да биде лидер во новиот проект на клубот од „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми пак, тврдат дека доколку не успее проектот со Де Јонг, Јунајтед ќе се обидат да го донесат Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио, и покрај инсистирањето на огромна сума од претседателот на италијанскиот клуб, Клаудио Лотито.