Претседателот на ЦСКА Москва, Евгениј Гинер потврди дека Александер Головин е блиску до заминување од рускиот клуб, но вели дека уште нема договор со Челси.
Ова доаѓа откако англиските медиуми веќе го најавија 22-годишниот Головин, една од ѕвездите на рускиот национален тим на домашниот Мундијал, како засилување на новиот тренер Маурицио Сари, но заинтересирани остануваат и Арсенал, Јувентус и Монако.
Гинер вели дека иднината на младиот плејмејкер ќе биде позната во следните неколку денови и најави дека тој ќе стане „голема ѕвезда“.
„За да не го уништиме Головин, мораме да го пуштиме. Но, засега немаме решение, а кога ќе имаме понуда ќе зборуваме јавно. Да, бевме посетени од потпретседателот на Монако, Вадим Василјев, кој ни даде понуда. Челси? Нема договор со нив“, изјави Гинер за рускиот портал „Спорт24“.
Фото: ЕПА