Скаутите на Манчестер јунајтед биле во Бразил за да следат потенцијален трансфер, но се вратиле во Англија за да го препорачат Андреас Переира, сопствениот фудбалер кој игра како позајмен во Фламенго, тврди „ЕСПН“.
Скаутите на „ѓаволите“ го следеле 21-годишниот Жоао Гомеш, исто така фудбалер на Фламенго, но најдобар фудбалер на вечерта бил производ од сопствената академија на клубот, 26-годишниот Переира, кој блеска како позајмен фудбалер во татковината. Переира го постигнал првиот гол, и асистирал при вториот при 2:1 победата над Флуминензе минатиот викенд, додека Гомеш останал на клупата.
Според „ЕСПН“, новиот менаџер Ерик Тен Хаг е подготвен да му даде нова шанса на Переира и очекува тој да се врати во клубот во текот на летото. Переира потпиша професионален договор со Јунајтед во 2012 до кога беше дел од академијата и има вкупно 75 настапи за првиот тим.