Бразилската ѕвезда на Пари Сен-Жермен, Нејмар на Инстаграм се потсмеваше со прославата на неговите аргентински ривали кои во средата во првата „Финалисима“ со 3:0 ја совладаа Италија.
„Финалисима“ е меч помеѓу европскиот шампион и победникот на Копа Америка, Аргентина, која пак, го совлада токму Бразил за јужноамериканската титула. Лео Меси беше прогласен за човек на мечот на „Финалисима“ со две асистенции, а Нејмар коментираше на прославата која по победата ја имаа Аргентинците.
„Дали го освоија Светското првенство?“, се прашува Нејмар.