Top Sport

УЕФА се извини на навивачите на Ливерпул и Реал Мадрид

Европската куќа на фудбалот, УЕФА, се извини на навивачите на Ливерпул и на Реал Мадрид за хаотичните проблеми пред финалето на Лигата на шампионите во Париз, најавувајќи посебна истрага за сите недостатоци кои беа забележани.

Пред мечот, во кој Реал Мадрид стигна до 1:0 победа и 14. европска титула, поголем број на навивачи на Ливерпул беа во конфликт со полицијата, која користеше солзавец пред „Стад де Франс“.

„УЕФА сака искрено да се извини на сите гледачи кои мораа да искусат или беа сведоци на застрашувачки настапи пред финалето на Лигата на шампионите на ‘Стад де Франс’ на 28 мај 2022 во Париз, ноќ која требаше да биде просслава на европскиот клупски фудбал. Ниту еден фудбалски навивач не смее да биде поставен во таква ситуација и тоа не смее да се повтори“, се вели во извинувањето од УЕФА.

УЕФА најави и независна истрага предводена од докторот Тијаго Брандао Родригеш од Португалија, која треба да ги оцени сите „недотастоци и одговорности во организирањето на финалето“.

 

Scroll to Top