Top Sport

Де Јонг: Повеќе ми одговара играта на Холандија, отколку таа на Барса

Манчестер јунајтед добија нова надеж дека ќе го убедат Френки де Јонг да се пресели од Барселона, откако по вчерашната убедлива 1:4 победа над Белгија, холандскиот репрезентативец призна дека во репрезентацијата му е полесно отколку во Барселона во стилот на игра.

25-годишниот Јонг стана приоритет за новиот менаџер на Јунајтед, Ерик Тен Хаг, а иако фудбалерот изјавуваше дека Барса му е „тимот од соништата“, многу е веројатно каталонците да решат да го продадат поради проблемите со буџетот.

„Сакам да бидам првиот фудбалер кој ја добива топката од дефанзивците. Во репрезентацијата играм поинаку во однос на Барса. И мислам дека оваа позиција ми прилега многу подобро“, изјави Де Јонг.

Се верува дека Јунајтед ќе треба да платат околу 65 милиони фунти за Де Јонг.

Scroll to Top