Top Sport

Од Партизан се потсмеваат со вестa за Пирло: Само ако Анчелоти и Мурињо не одбијат

Спортскиот директор на Партизан, Ивица Илиев се потсмеваше со вчерашната вест на „Спортклуб“ дека се во преговори да го направат Андреа Пирло нов тренер на белградскиот клуб.

Според Илиев, Пирло е дури трета опција.

„Пирло може да стане опција само ако не одбие Карло Анчелоти. Прво го чекаме него. Можеби ќе се обидеме и со Жозе Мурињо, бидејќи и тој е големо име“, изјави Илиев за „Информер“.

Пирло се наоѓа во Белград како дел од италијанскиот фудбалски камп, што донесе до шпекулации дека Партизан му нуди 1.5 милиони евра по сезона.

Пирло седнува на клупата на Партизан?

Scroll to Top