По претходно донесена одлука на Управниот одбор, денес Ракометната федерација на Македонија (РФМ), им ја исплати премијата од 40.000 евра на ракометарите за изборениот пласман на Светското првенство што во 2019 година ќе се игра во Данска и Германија.
Ова ќе биде веќе шесто учество на македонските машки сениори на Светските првенства, по настапите во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013), Катар (2015) и Франција (2017) и вкупно единаесетто учество на големите натпреварувања заедно со Европските Првенства.
Светското првенство во Данска и Германија ќе се игра во периодот од 10. до 27. јануари 2019 година, а Македонија своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Минхен во Германија, каде за противници ќе ги има селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.