Top Sport

Чудесниот Надал го освои Ролан Гарос за 22. грен-слем титула

Рафаел Надал ја освои рекордната 14. титула на Ролан Гарос и дојде до 22. трофеј од грен-слем турнирите во кариерата оставајќи ги зад себе со по два помалку големите ривали Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Овие историски постигнувања, Надал ги реализираше победувајќи го лесно со 3:0 во сетови Каспер Руд во финaлето на годинашното издание на Ролан Гарос.

Шпанецот не остави простор за дилeми околу победникот уште од стартот на мечот. Младиот Норвежанец кој тренира во академијата на Надал во Малага немаше шанса ниту за сет, уште помалку за сензација.

Првите два сета Надал ги доби со идентичини 6:3, а во третиот беше и подоминантен и не загуби ниту еден гем. Шпанскиот великан и натаму останува непоразен во финалињата на Ролан Гарос.

Младиот Руд влезе во историјата како првиот Норвежанец во финале на грен-слем турнир од неговата земја, од понеделник тој ќе биде број шест на АТП листата.

Scroll to Top