Најдобрата репрезентација на Македонија во септември го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство преку новото натпреварување на УЕФА, Лига на Нации. Репрезентацијата е во група со Ерманија, Гибралтар и Лихтенштајн.
Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за исплата на вкупна премија од 350.000 евра како парична награда која би ја поделиле фудбалерите и стручниот штаб за освоено прво место во групата.
Првото место во групата е еден од приоритетите нѐ само за фудбалерите и стручниот штаб, туку и за Фудбалската федерација на Македонија.
Првиот натпреавар Македонија ќе го одигра на 6. септември против Гибралтар на гостински терен. На 9. септември во Скопје гостува селекцијата на Ерменија.
фото: ffm.mk