Top Sport

Јан Облак ќе остане во Атлетико

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо, изјавил дека клубот не добил ниту една понуда за голманот Јан Облак.

Шпанските медиуми шпекулираа дека Словенецот, во летниот преоден рок, ќе го напушти клубот, бидејќи неколку екипи биле подготвени да ја платат откупната клаузула од 100 милиони евра.

„Никој не испрати понуда за нашиот голман. Убедени сме дека Облак ќе биде важен дел во нашиот тим и во наредниот период“, изјавил Сересо за шпанските медиуми.

Првиот човек на Атлетико нагласил дека клубот во наредните денови ќе ги претстави новите играчи Родри; Лемар и голманот Адан.

Scroll to Top