Top Sport

Бејл: Морам да го одложам пензионирањето

Втор пат во историјата, фудбалската репрезентација на Велс избори пласман на Светско првенство. Велшаните последни од европската зона изборија место на Мундијалот во Катар. Авто-голот на Јармоленко, го реши победникот во баражот помеѓу Велс и Украина.

Герет Бејл, во 34.минута, шутираше од слободен удар, а напаѓачот на Вест Хем со глава ја упати топката во својата мрежа.

“Работевме и го посакувавме ова уште од првиот натпревар. Не знам што да кажам, пресреќен сум што го постигнав ова пред овие неверојатни навивачи. Невозможно е да ги опишам моите чувства во моментов. Беше тешко. Не играв многу во последните четири недели поради мојот грб, само сакав да придонесам колку што можам и најважно беше да помогнам и да се пласираме на СП. Дадов се од себе на теренот“, вели поранешниот играч на Реал.

Бидејќи за еден месец ќе наполни 33 години, се шпекулираше дека ќе замине во пензија. Пласманот на СП ги смени неговите планови, ќе треба да одбере клуб во кој ќе игра. Не е исклучено да остане во Велс и да го облече дресот на Кардиф.

„Малку ќе го одложам пензионирањето“, рече Бејл.

Велс во Катар ќе игра во групата Б со селекциите на Англија, Иран и САД.

Scroll to Top