Трката околу Колумбија во неделата имаше хаотичен финиш, откако Луис Карлос Кија успеа да стигне до етапна победа на улиците на Монтерија, за веднаш потоа да се судри во сопствената сопруга, Клаудио Ронкансио, фотограф по професија.
Ронкансио, која патува со својот сопруг за да ги одбележи неговите успеси, имаше совршена позиција да ја фати победата на Кија, но тој не успеа да го исконтролира велосипедот и удри директно во неа
„Се обидов со сопирачките и ја прегазив мојата сопруга. Не знам што се случи. Благодарам на Господа што не ја загуби свеста. Требаше да знае дека ќе има спринтерски финиш и дека ќе одиме бргу“, изјави Кија, кој победата ја посвети на сопругата.
Ронкансио на крајот заврши во болница со неколку конци на главата.
¿Que pasa @fedeciclismocol ? Cada vez tenemos más entre los mejores ciclistas del mundo, pero la logística local bien, gracias pic.twitter.com/mx6jeGPntW
— Katy Orrego (@Skygirl42) June 5, 2022
Absolute MADNESS in the finish of stage 3 in @Vueltacolombia1 ! ??? Luis Carlos Chia wins after swimming through the last km and passing Quiroz on the finish line. While celebrating, he crashed hard into his wife! Incredible stuff. #VColombia2022 pic.twitter.com/Qosqxuwb0M
— Mihai Simion (@faustocoppi60) June 5, 2022