Роберт Левандовски и Баерн Минхен повеќе не одат заедно. Така барем мисли полскиот репрезентативец, кој во последните неколку години е најдобар стрелец на Стариот континент.
Левандовски во текот на сезоната во неколку наврати истакна дека сака да го напушти Баерн, иако има уште една година договор со великанот од Минхен. Изминатите недели неколку пати ја потврди својата желба.
„Само сакам да го напуштам Баерн. Почитта е поважна од работата. Се надевам дека ќе седнеме и заедно ќе најдеме решение. Нешто умре во мене. Сакам да го напуштам Баерн, за повторно да најдам чувство на задоволство во фудбалот“, изјави Левандовски.
Клубот со кој најчесто се поврзува Левандовски е Барселона. Баерн не сакаат да го пуштат Левандовски. Ова вчера го изјави претседателот на Баварците Херберт Хајнер.
Роберт Левандовски во Баерн пристигна како слободен играч, во 2014 година од Борусија Дортмунд. Со Баварците освои осум титули во националниот шампионат и една во Лига на шампиони. На 253 натпревари постигна неверојатни 238 гола.