Top Sport

Асенсио ќе замине од Реал?

Фудбалерот на Реал, Марко Асенсио изјавил дека се уште не одлучил дали ќе остане во клубот и истакнал дека во овој момент „има три можности“. Асенсио (26) има договор со Реал до јуни 2023 година.

„Дали да го продолжам договорот или да заминам? Постои можност и да го завршам договорот. Наскоро ќе разговарам со челниците на Реал. Важно ми е да бидам стандарден првотимец следната сезона”, рекол Асенсио.

Марко Асенсио оваа сезона за Реал одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, постигна 12 гола и имаше две асистенции.

Тој е член на клубот од 2015 година.

Scroll to Top