Хаос во Кошаркарскиот сојуз на БиХ. По селекторот Ведран Босниќ, денеска оставка поднесе и претседателот на Сојузот Мирза Телетовиќ.
„Поради неможноста да раководам и да ја водам федерацијата, поднесувам оставка од сите позиции во КСБиХ“, изјави поранешниот кошаркарски репрезентативец на БиХ, а пренесува „Спортспорт.ба“
„Во животот научив дека сите ситуации можат да се решат кога има волја и желба за договор, за компромис, но кога ќе се најдеш во ситуација да не можеш да бидеш сам против секого, односно дека ти се врзани рацете во одлучувањето, тогаш логично е да се поднесе оставка“, рече Телетовиќ и додаде:
„Горд сум на мојот ангажман во КСБиХ, бидејќи направивме многу работи за да ги подобриме условите за сите наши селекции, што на крајот резултираше со одлични резултати, но дојде време да се стави крај на тоа, бидејќи како човек и спортист, не сакам да бидам дел од нешто каде што ветувањето не може или не сака да се исполни“, заклучи сега веќе поранешниот претседател на КСБиХ.
Поранешниот прославен кошаркар во 2018 година беше избран за претседател на Кошаркарскиот сојуз на БиХ.