Top Sport

Уште еден легендарен играч заминува во пензија – Мечот Ним-Лимож ќе биде последен за Гигу

По Кире Лазаров уште еден легендарен ракометар обајви крај на кариерата. Натпреварот меѓу Ним и Лимож во последното коло од француската лига ќе биде збогување на еден од најголемите ракометари на неговата генерација, Мишел Гигу (40).

Левото крило реши да стави крај на 23-годината кариера, во која освои 10 златни медали на најголемите натпреварувања.

Левото крило и поранешен капитен на француската репрезентација првите 20 години од кариерата ги мина во Монпелје, а од 2019 година настапува за Ним.

Тој е член на веројатно најдобрата генерација во историјата на ракометот, со која освои три златни медали на Олимписките игри, четири златни медали на СП и три златни медали на ЕП во дресот на Франција. Покрај тоа, тој има и едно олимписко сребро, две светски и една европска бронза.

Со Монпелје две титули во Лигата на шампионите, како и 10 титули во францускиот шампионат и 11 француски купови, а дури 11 пати беше прогласуван за најдобар играч на францускиот шампионат.

Scroll to Top