Top Sport

Њукасл го откупи договорот на Таргет

Њукасл од Астон Вила го откуши договорот на левиот бек Мет Таргет . Фудбалерот во Њукасл дојде на позајмица во јануарскиот преоден рок, кога „страчките“ платија 3.000.000 фунти.

Таргет ги исполни очекувањата на менаџерот Еди Хау, по што им препорача на клупските челници да го откупат неговиот договор.

Левиот бек потпиша четиригодишен договор. Астон Вила од трансферот заработи 12.000.000 фунти.

Scroll to Top