Top Sport

„Надал е над Мохамед Али, Пеле и Мајкл Џордан“

Поранешниот светски рекет број четири, Гиј Форже, верува дека Рафаел Надал е најголемиот спортист на сите времиња.

Форже, поранешен директор на Ролан Гарос, е воодушевен што Шпанецот по 14. пат славеше во Париз.

„Сметам дека Рафаел Надал го постигна најголемиот подвиг во историјата на спортот. Точка. Тој е над Мухамед Али, Пеле или Мајкл Џордан“, изјави 57-годишниот Форже и дополни.

„Обидете се да најдете дисциплина која е популарна како тенисот, а еден шампион успеал да го освои 14 пати најтешкиот турнир на планетата. Не постои такво нешто. Кога Бјорн Борг го освои Ролан Гарос шест пати, рековме дека е монструозно и никој нема да го повтори тоа. Сампрас кариерата ја заврши со 14 Грен слем титули, а Надал 14 пати го освои Ролан Гарос. Тоа е незамисливо“.

Scroll to Top