Top Sport

Баерн Минхен сака да го купи Хари Кејн

Германскиот првак Баерн Минхен тргнува по сензационална замена за Роберт Левандовски. Баварскиот клуб официјално испрати барање до Тотенхем за достапноста на Хари Кејн, легендата на клубот, вториот најдобар стрелец во историјата и капитен на англиската репрезентација.

Кејн следниот месец полни 29 години, а досега постигна 247 гола во 385 натпревари за Тотенхем. Во последните шест години тој три сезони ги заврши како најдобар стрелец во Премиерлигата, а неговиот договор со клубот е со важност до летото 2024.

Баерн на тој начин продолжува со офанзива кон дел од напаѓачите на англиските премиерлигаши. Клубо е во интензивни преговори со Ливерпул за доведување на Садио Мане, кој се очекува наскоро да се пресели во Минхен.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, минатото лето одби понуда вредна 150 милиони евра од Манчестер Сити за Хари Кејн.

Scroll to Top