Новиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач вели дека е време да се стави крај на шпекулациите за враќање на Хамес Родригез во Реал Мадрид ова лето, и дека е „јасно“ дека Колумбиецот останува во Баварија.
Последните неколку дена имаше шпекулации дека Реал ќе се обидат да го вратат Родригез на „Бернабеу“ иако тој има договор за заем со Баерн до летото 2019 година. Пред првиот пријателски меч од новата сезона во сабота против Пари Сен-Жермен, Ковач вели дека планира на Колумбиецот.
„Знам дека Хамес има валиден договор за позајмица. Договорот ќе биде испочитуван, а потоа ќе видиме дали има опција за купување и дали ќе ја прифатиме. Сега, јасно е дека Хамес останува во Баерн“, изјави Ковач.
Новиот тренер на Реал, Хулен Лопетеги го цени Родригез за разлика од Зинедин Зидан, меѓутоа од Реал официјално велат дека засега нема преговори за враќање на Колумбиецот во Шпанија.