Top Sport

Мерцедес го продолжи договорот со Ботас

По Луис Хамилтон, Мерцедес, го продолжи договорот и со вториот возач, Валтери Ботас. Финецот во германскиот тим ќе остане и наредната сезона, со можност таа да биде продолжена и во 2020 година.

27-годишниот Ботас, во Мерцедес пристигна од Вилијамс во 2017 година. Во својата деби сезона успеа да го освои третото место во генералниот пласман.

„Среќен сум што сум дел од овој неверојатен тим. Со нетрпение чекам да видам што ќе ни донесе иднината. Ќе продолжам да давам 100 отсто за да ги оствариме нашите цели. Напорната работа секогаш носи резултат“, рекол Ботас.

Финецот по десет трки оваа сезона се наоѓа на петтата позиција во генералниот пласман со 104 бода.

Во кариерата победил на три трки, пет пати ја освојувал пол-позицијата.

Scroll to Top