Еден од најдобрите голф играчи во историјата на овој спорт, Тајгер Вудс стана милијардер, објави магазинот „Форбс“. Вудс им се придружи на Леброн Џејмс и Мајкл Џордан, кои претходно станаа милијардери.
Вудс, кој се врати на натпреварувањето оваа пролет по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа минатата година, во кариерата заработил околу 1,7 милијарди долари.
Околу 90 отсто од неговата заработка доаѓа од бројни рекламни договори и други инвестиции кои не се поврзани со голфот.
Според „Форбс“, Вудс е најбогатиот спортист на планетата, пред Леброн Џејмс и Мајкл Џордан.