Top Sport

Мбапе спречи пораз на Франција, Хрватска победи во Копенхаген

Франција се спаси од пораз во Виена, а Хрватска славеше победа во Копенхаген, во двата натпревари од третото коло во Групата 1, од А-дивизијата во Лигата на нации.

Данска, во првите две кола забележа две победи, во третото потклекна пред Хрватска. Во Копенхаген, Данците доминираа во поголемиот дел од натпреварот, Хрватите успешно се бранеа, а победија со голот на Пашалиќ во 63.минута.

Французите одиграа лошо првото полувреме на „Ернст Хапел“ во Виена. Индолентноста на Французите ја казни Вајтман во 37.минута. Актуелните светски шампиони доминираа во вториот дел, шанси се редеа пред голот на Австрија, но само една топка заврши зад грбот на домашниот голман. Мбапе во 83.минута ја спаси Франција од пораз.

Данска и покрај поразот од Хрватска е лидер во Групата 1. Данците имаат шест бода, два повеќе од Австрија и Хрватска, последна е Франција со два бода.

Scroll to Top