Фудбалската репрезентација на Бугарија најверојатно нема да го одигра натпреварот во Лигата на нации против Грузија. Автобусот со репрезентативците доживеал сообраќајна несреќа во главниот град на Грузија, Тбилиси. Во несреќата тешко бил повреден Тодор Неделев.
На пат кон хотелот во Тбилиси, автобусот во кој биле репрезентативците, поради преголема брзина и лизгавиот коловоз, удрил со предниот дел во друг автобус.
Неделев со тешки повреди на главата веднаш бил префрлен во болницата во Тбилиси. Фудбалерот бил итно опериран. Процедурата траела повеќе од два часа, а според првите информации од черепот морало да му се извади парче стакло. Играчот за врска на Ботев од Пловдив ќе остане под лекарски надзор во болница една недела.
Бугарија во првите три кола, во Групата 4, во Ц-дивизијата, освои два бода. Одигра 1:1 со Македонија и Грибралтар и загуби дома од Грузија со 5:2.
#BREAKING The buses of the ?? Bulgarian national football team crashed into each other after leaving the airport in Tbilisi.
A Bulgarian player Todor Nedelev was reportedly hospitalized. pic.twitter.com/wSWyCYrFiC
— Visioner (@visionergeo) June 10, 2022