Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, во Азербејџан зборуваше за Јос Ферстапен. Таткото на Макс Ферстапен, јавно ја критикуваше тимската стратегија на трката во Монте Карло.
Холанѓанецот, изјави дека не биле земени во предвид интересите на неговиот син и дека целата стратегија Ред Бул ја направиле во корист на Серхио Перез.
„Татковците никогаш не се објективни. Едноставно, Јос ги нема информациите што ги имаме ние. Секако дека го почитуваме неговото мислење, но овојпат размислуваме поинаку. И јас немам никаков проблем со тоа“, истакна Хорнер.
Шефот на Ред Бул објасни и зошто Перез прв влегол во боксот.
„Многу е јасно. Кај нас прв во боксот оној возач кој во моемнтот е подобро пласиран во трката. Чеко беше пред Макс, тука нема дилема“, вели Хорнер.
Шампионатот во Формула 1 денеска продолжува со тренинзи и квалификации за Големата награда на Азербејџан. Трката е закажана за в недела во 13 часот.