Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен одлучи по 18 месеци да ја прекине соработката со тренерот Маурицио Покетино, тврдат француските медиуми. Според овие извори клубот наскоро ќе излезе со официјално соопштение за разделбата со Покетино.
Идејата на поранешниот директор Леонард да го замени Томас Тухел со Покетино не донесе никакво подобрување. Аргентинецот дури во првата сезона успеа да ја испушти титулата во Лига 1, оваа сезона стана француски шампион, но не успеа да направи резултат во Лигата на шампионите. ПСЖ беа елиминирани во осминафиналето од Реал Мадрид. Покетино не успеа да дојде во трофеј во Купот на Франција, каде во полуфинелто загуби од Ница.
Богатите сопственици од Катар имаа желба да го донесат Зинедин Зидан, но Французинот ја одбил нивната понуда.
Фаворит на новиот спортски директор, Луис Кампос е Кристоф Галтије, кој со Лил во сезоната 2020/2021 ја освои Лига 1, но не успеа да го освои Купот. Нант ја порази Ница во финалето.
Галтије никогаш не водел ниту еден голем тим, освен Лил и Ница, претходно работеше осум сезони во Сент Етјен и вистинското прашање е како ќе успее да им го наметне авторитетот на ѕвездите кои ПСЖ ги има во тимот.