Top Sport

Германски фудбалери упасен на Ибица, тинејџерка го обвинила за силување

Страшна вест доаѓа од Шпанија. Фудбалер кој е член на клуб од Бундеслигата е уапсен на Ибица, откако бил обвинет дека силувал тинејџерка.

Двајца 25-годишни мажи се уапсени на Ибица откако 18-годишна девојка ги пријавила и ги обвинила за сексуален напад во вила во Сан Хозе, на овој шпански остров.

Таму одморот го поминуваат од неодамна завршената сезона, а медиумите пишуваат дека еден од двајцата момци е всушност 25-годишен фудбалер кој настапува во Бундеслигата за Штутгарт.

„Фудбалерот од средниот ред на Штутгарт, Атакан Каразор беше уапсен додека беше на одмор на Ибица. Тој негира каква било криминална активност. Штутгарт е во постојан контакт со адвокатите”, соопштија од германскиот клуб.

Девојката по инцидентот била примена во болница. Полицијата го истражува случајот. Се уште не се знае што ќе биде со двајцата Германци, дали ќе платат кауција до кривичната истрага или веднаш ќе им биде одредена мерка притвор.

Scroll to Top