Човекот кој прв од фудбалерите на ЈУвентус му посака добредојде на Кристијано Роналдо, Миралем Пјаниќ, наскоро би можел да ги напушти редовите на „старата дама“.
Како што објави секогаш добро информираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марко, Јувентус добил три понуди за репрезентативец на Босна и Херцеговина.
Интерес за 28-годишниот фудбалер покажале Манчестер сити, Челси и Барселона.
Претпоставките се дека Јувентус би се согласил да го продаде играчот, кој го купи од Рома во 2016 година, за сума од околу 80 милиони евра.