Top Sport

Оже-Алијасим елиминиран од 204. играч на АТП листата

Холандскиот тенисер Тим ван Ријтовен се пласираше во финалето на турнирот во Хертогенбош. Ван Ријтовен, 204 на АТП листата, на турнирот влезе со специјална покана од организаторот.

На домашен терен тој ги победи Метју Ебден, 14. играч во светот Тејлор Фриц, Хуго Гастон, а во полуфиналето приреди вистинска сензација со победата над деветтиот светски рекет Фелис Оже-Алијасим.

Против Канаѓанецот, Ван Ријтовен победи со 2:1 (6/3, 1/6, 7/6).

Тенисерот од Рузндал, никогаш нема да го заборави учеството на овој турнир. Во Хертогенбош стигна до првата АТП победа, ја забележа првата победа над тенисер од Топ 10 и се пласираше во првото АТП финале во кариерата.

За титулата Ван Ријтовен ќе игра против Данил Медведев или Адријан Манарино.

Scroll to Top