Top Sport

Кирјос се пожали на расистички навреди

Ник Кирјос, имаше свое шоу во полуфиналето на турнирот во Штутгарт. Австралиецот загуби од Енди Мареј со 6/7, 2/6.

Во вториот сет, контроверзниот Австралиец го демонстрираше незгодниот карактер. Судијата му одзеде поен откако скриши еден рекет, потоа му одзеде и гем, кој значеше брејк на Мареј и предност од 2:0, се успеа да се скара и со публиката.

„Кога ќе престане ова? До кога треба да се носам со расистички навреди од публиката? Сфаќам дека моето однесување не е најдобро цело време, но „црно овца“ и „ќути и играј“ – вакви мали коментари се неприфатливи. Кога ќе и одговорам на публиката, тогаш тие ме казнуваат. Тоа нема смисла“, напиша Кирјос на Инстаграм по натпреварот.

Кирјос ја прескокна сезоната на земјана подлога, се врати на турнирот во Штутгарт, а сега го очекува настап на турнирот во Хале и потоа на Вимблдон.

Scroll to Top