Новиот играч на Јувентус, Кристијано Роналдо денес го завршил сите правни проблеми во Шпанија каде беше обвинет за затајување на данок. Португалецот решил да ја прифати спогодбата на обвинителството. Тој се согласил на две годишна затворска казна и на државата да и плати 13,5 милиони евра.
Иако во пресудата стои дека тој е осуден на казна затвор, Португалецот нема да заврши зад решетки, бидејќи според шпанските закони, казната до две години може да биде заменета со условна.
Исто така, покрај паричната казна од 13,5 милиони евра, Роналдо се согласил да ги плати и дополнителните административни трошоци, така што сумата што ќе и ја плати на Шпанија изнесува 19 милиони евра.
За потсетување, Крстијано Роналдо, од шпанските власти беше обвинет дека затаил данок од продажбата на маркетинг правата за користење на неговиот лик, во периодот од 2011 до 2014 година. Беше обвинет дека затаил данок во износ од 14 милиони евра.
За слични даночни затајувања работа со шпанските власти имаа или се уште имаат Лионел Меси, Алексис Санчез, Радамел Фалкао, Лука Модриќ, Нејмар….