Top Sport

Реал конечно го претстави Винисиус Жуниор

Реал Мадрид конечно го претстави Винисиус Жуниор, за кого пред повеќе од една година на Фламенго му плати 45 милиони евра.

Тинејџерот веќе не колку дена тренира со првиот тим, под палка на тренерот Хулен Лопетеги, а денес на јавноста и беше претставен од страна на претседателот Флорентино Перез.

„Секоја сезона се обидуваме да се стремине кон она што од нас го бара нашата историја. Последните години беа прекрасни, а навивачите бараат уште. Имаме 13 шампионски титули во Европа, а клучна работа за да освојуваме трофеи и во иднина е вложување во младите и талентирани фудбалери. Тие сакаат да бидат најдобри во светот и поради тоа ние ја засиливме потрагата по тие млади луѓе што можат да станат најдобри во светот. Меѓународната фудбалска сцена многу е изменета. Реков дека ќе донесеме големи играчи, а Висисиус не маѓепса со својата техника, брзина и головите. Тој ќе биде еден од најдобрите во историјата“, рекол Перез.

Инаку, Реал не планира Винисиус веднаш да влезе во првиот тим, туку тој ќе гравитира помеѓу Реал Кастилја (вториот тим на Реал) и Реал додека се навикне на европскиот фудбал.

Ова 18-годишно момче најдобро се снаоѓа на позицијата лево крило, а досега играл само за Фламенго.

Scroll to Top