Бразилскиот фудбалер Ришарлисон ова лето би можел да го засили Тотенхем, пренесуваат британските медиуми. Според „Дејли Мејл“, раководството на клубот од северен Лондон е во напредна фаза на преговори со играчот на Евертон.
Иако се шпекулираше дека за Ришарлисон се заинтересирани уште два лондонски клуба – Арсенал и Челзи, Тотенхем ги престигна и почна преговори со Бразилецот.
Наводно Тотенхем биле подготвени да платата околу 60 милиони евра за Бразилецот.
Тотенхем донесе двајца играчи за новата сезона, Иван Перишиќ од Интер и голманот Фрејзер Форстер од Саутемптон.
Ришарлисон за Еверон има одиграно 152 натпревари, на кои постигнал 53 гола.