Top Sport

Клоп се „сопна“ на својата изјава: „Каде оди фудбалот со трансфери од 100 милиони евра?“

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во 2016 година ги критикуваше големите европски клубови поради лукративните трансфери кои ги прават над 100 милиони евра. Сепак, сега дојде време да се „сопне“ на сопственото правило.

Германскиот стратег се залага за „економични“ трансфери, сака да доведе фудбалери кои потоа ќе имаат голем напредок во неговиот тим и ќе израснат во квалитетни играчи.

Сепак, сега Ливерпул е во завршни преговори за ангажман на Дарвин Нуњез од Бенфика, а трансферот ќе биде вреден 100 милиони евра.

„Ако купите играч од 100 милиони евра а тој се повреди, сите тие пари пропаѓаат. Каде оди фудбалот со тие вртоглави суми и играчи: Јас би се повлекол од такви цифри. Другите клубови трошат неверојатни суми за играчи, ги купуваат најдобрите, но јас би се повлекол од такви битки на пазарот. Секој може да освои трофеи, но постои начин на кој сакам тоа да го правам“, изјави Јирген Клоп пред шест години.

Scroll to Top