Бразилецот Ришарлисон е блиску до трансфер во Евертон, за рекордна сума од 50 милиони фунти, објави Би-би-си. Ришарлисон вниманието врз себе го сврти минатата сезона со одличните настапи во дресот на Вотфорд.
Ришарлисон, во 2017 година од Флуминенсе за сума од 11,5 милиони фунти пристигна во Вотфорд и тогаш потпиша пет годишен договор.
Новиот тренер на Евертон, Марко Силва, добро ги знае квалитетите на Бразилецот, бидејќи го тренираше во Вотфорд.