Пред шест години сериозно размислувал фудбалот да му стане хоби, а синоќа 33-годишниот Енди Редмејн стана национален херој. Голманот на Сиднеј, ја однесе Австралија на Светското првенство во Катар.
Австралија, по изведувањето на пенали, со 5:4 го победи Перу во Интерконтинеталниот бараж.
Редмејн, во 121.минута го замени првиот голман Мет Рајан. Планот на селекторот Греем Арнолд бил малку психолошки да ги поремети фудбалерите на Перу.
На крајот голманот на Сиднеј одбрани два пенали. Малку ја допре топката, која при ударот на Адвинкула во третата серија заврши во стативата и го одбрани пеналот на Валера во шестата серија.
Редмејн го оствари сонот, ќе игра на со Австралија на СП, а во не толку далечното минато, тој бил подготвен да се откаже од фудбалот. Имал договорена работа како бармен.
„Се беше договорено. Требаше да работам во кафулето на еден мој пријател, преку дена да учам, а навечер да играм фудбал. Едноставно, во тоа време, не верував дека сум доволно добар голман. Тоа беше тешка фаза од мојот живот“, признава Редмејн, кој во еден период од кариерата бил на проба во Арсенал.
Како го коментира најсветлиот момент во кариерата.
„Перу сигурно цела недела се подготвувале за Метју (Рајан) и мислам дека беа малку ги исфрли од ритам кога ме видоа мене. Мислам дека никој од перунаските фудбалери немаше слушнато за мене пред овој натпревар. Мислам дека им стана јасно дека можеби ќе влезам во игра на полувремето, кога се загревав. Метју ме поддржа, ме охрабруваше, ми рече: „Ќе успееш друже!“.
Австралија на СП во Катар, ќе се натпреварува во Д-групата со Франција, Данска и Тунис.